Бели балони со кеси со измет слетаа во две погранични провинции

By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Северна Кореја пушти 90 балони со пропагандни летоци и ѓубре над 2 погранични провинции во Јужна Кореја, поради што властите ги предупредија жителите да останат во затворени простории и да не ги допираат белите балони и пластичните кеси закачени на нив бидејќи содржат „валкан отпад и ѓубре“, пишува Би-Би-Си.

Патем, Северна и Јужна Кореја користеа балони во нивните пропагандни кампањи уште од Корејската војна во 1950-тите. Неодамнешниот инцидент се случи неколку дена откако Северна Кореја соопшти дека ќе возврати на „честото расфрлање летоци и друго ѓубре“ во пограничните области од страна на активисти на југот.

– Купишта отпадна хартија и нечистотија наскоро ќе бидат расфрлани низ пограничните области и внатре во Јужна Кореја, и тие од прва рака ќе почувствуваат колку напор е потребен за да се отстранат – рече заменик-министерот за одбрана на Северна Кореја, Ким Канг-ил во изјава за државните медиуми пред три дена.

Јужнокорејската новинска агенција Јонхап објави дека „некои од паднатите балони очигледно носеле измет, судејќи според темната боја и мирисот“.

Војската на Јужна Кореја го осуди овој чин како „јасно кршење на меѓународното право“.

„Тоа сериозно ја загрозува безбедноста на нашиот народ. Северна Кореја е целосно одговорна за она што се случува поради балоните и силно ја предупредуваме Северна Кореја веднаш да престане со оваа нехумана и груба акција“, соопшти армијата.

Активистите од Јужна Кореја претходно лансираа балони со кои, меѓу другото, носеа пари, забранети медиумски содржини, па дури и Choco Pies – јужнокорејски закуски забранети на север.

Претходно овој месец, активистичка група со седиште во Јужна Кореја тврдеше дека преку граница испратила 20 балони со летоци против Пјонгјанг и УСБ-стикови кои содржат корејска поп музика и музички спотови.

Share This Article
Exit mobile version