Апсења во Германија како дел од истрагата против италијанската мафија

By Saso 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Германската полиција уапсила десетици луѓе ширум земјата, како дел од истрагата против италијанската мафија Ндрангета, соопшти германското обвинителство и полицијата.Полицијата уапси четири лица во Баварија, 15 во Северна Рајна-Вестфалија и десет во Рајнланд-Пфалц.

Запленети се значителни докази од десетици локации, вклучително и домови и канцеларии.

Осомничените се товарат за перење пари, даночно затајување, проневера и шверц на дрога, се вели во соопштението на повеќе обвинителства.

Акцијата е спроведена како дел од заедничката истрага на полициите на Германија, Белгија, Франција, Италија, Португалија и Шпанија, како и Европол и Европравда.

Share This Article
Exit mobile version