More

    Apple подготвува голема промена во своите преносни компјутери

    spot_img

    Уште кога Стив Џобс беше жив, Apple направи бројни тестови на екрани на допир за (лаптоп) компјутери, а резултатот не беше позитивен. Всушност, Џобс уште во 2010 година рече дека користењето екрани на допир на вертикални површини како монитори е „ергономски катастрофално“ и дека екраните на допир „не сакаат да бидат вертикални“.

    Потоа нагласи дека, само за демонстрација, такво нешто изгледа интересно, но по само краток период на користење го заморува човекот, додека по малку подолго користење изгледа како да ќе ви падне раката. Не функционира, рече тогаш.

    Сепак, многу работи се променија од неговите изјави до денес. Технологијата брзо напредуваше, а екраните на допир може да се најдат на многу компјутери. Наскоро, според новите гласини, вакви екрани би можеле да пристигнат и на Mac.

    Првиот компјутер со логото на Apple што би можел да има таков екран, објавија на Cnet, би требало да биде лаптопот MacBook Pro, но нема да биде така наскоро. Имено, информациите кои се појавија на интернет оваа недела велат дека најрано ќе биде 2025 година. Лаптопот, се разбира, ќе ги задржи тастатурата и подлогата, и не е тешко да се замисли дека ова сепак ќе биде претпочитан начин на користење за повеќето, но за одредени дејства можеби е полесно да се користи екранот на допир.

    По верзијата Pro, Apple би можел да имплементира ист тип на екран и во другите модели на своите преносни компјутери, но се уште не е познато дали тоа ќе зависи од успехот на првиот модел со екран осетлив на допир и реакцијата на корисниците, или дали тоа ќе биде стратегија што ќе ја применуваат во секој случај.

    Технолошките новинари го контактирале Apple за коментар, но компанијата не се огласила, а доколку одговорат на прашањата, јасно е дека тие нема да ја потврдат ниту да ја демантираат информацијата бидејќи немаат навика да коментираат за нивните ненајавени производи и планови.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img