Поранешната српска Ана Ивановиќ и германскиот фудбалер Бастијан Швајнштајгер максимално го користат летото за уживање, а тоа најдобро можеме да го видиме на инстаграм-профилот на Ана.
Ана неодамна сподели како уживала со сопругот на концертот на Џастин Тимберлејк.
Видеото во кое тие се прегрнати и насмеани разнежи многу луѓе, па собра многу коментари и лајкови.
Џастин приреди шоу на концертот и се забавуваше особено со публиката во првите редови.
И покрај изведувачкиот занес, Џастин ги забележал и своите познати гости во публиката, а насмеаниот Бастијан Швајнштајгер ја прифатил подадената рака и го поздравил пејачот.
Ана, исто така, била многу добро расположена, но таа дамски возвратила само со насмевка. Џастин потоа направил движење како да удира тениска топка, со што на посебен начин ја поздравил Ана.
Да потсетиме, пред овој концерт Ана и Бастијан беа во Минхен на огромниот концерт на Адел.