Партијата Алтернатива, дел од коалицијата Вреди, ја повлече Сафије Садики-Шахини од Министерството за односи меѓу заедниците.
Таа ќе биде префрлена на позицијата заменик-министер во Министерството за спорт, објави ТВ 21.
Веста ја потврди Орхан Муртезани, портпарол и кандидат на Алтернатива за министер за евроинтеграции.
– Сафије Садики-Шахини нема да биде заменик-министер во Министерството за етнички заедници, туку во Министерството за спорт – изјави Муртезани.