More

    Али Ахмети го храбри косовскиот премиер

    spot_img

    На средбата со косовскиот премиер Албин Курти во Охрид, лидерот на ДУИ Али Ахмети му порачал на Курти дека има историска шанса што не смее да ја пропушти, брифираат извори запознаени со содржината на оваа средба, тврди Телма.

    – Јас се залагам за напредок и денескa нека биде постигнат – изјави  во Охрид лидерот на ДУИ – објави МИА.

    На новинарско прашање дали верува дека ќе заврши процесот на дијалогот со взаемно празнавање меѓу Косово и Србија, Ахмети рече дека тоа зависи од двете делегации, но верува дека ќе биде постигне договор помеѓу Приштина и Белград.

    – Мислам дека како финален процес, Косово треба да оди напред кон меѓународно признавање како држава и негово унапредување и прифаќање во сите меѓународни институции и да го продолжи патот кон членство во Европската Унија и НАТО – рече Ахмети.

    Посматрачите не очекуваат на средбата меѓу Курти и српскиот претседател Вучиќ да се постигне договор, туку се предвидува дека ќе има извесен напредок во дијалогот меѓу Белград и Приштина под покровителство на ЕУ.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img