More

    Актерката Хали Бери топлес, засекогаш останува Жена-мачка

    spot_img

    Една од најубавите холивудски актерки Хали Бери (57), ги почести обожавателите со разголени фотографии, на кои интимните делови ги покрива со мачки. Во чест на 20-годишнината од филмот „Жена-мачка“, Хали ги почести обожавателите со провокативни фотографии.

    Инаку, оскаровката е мошне активна на својот инстаграм-профил.

    Овој пат со објава покажа колку е горда на себе и улогата која ја одигра во филмот „Жена-мачка“ (Catwoman) од 2004 година.

    – Денеска се навршуваат 20 години откако ја имав честа да му дадам живот на овој легендарен лик. Секогаш ќе ја чувам во моето срце и засекогаш ќе бидам Patience Phillips, или „Жена-мачка“ – напишала Хали заедно со фотографиите на кои позира во гаќи со маска на лицето. Голите гради ги покрила со своите миленици, мачките кои неодамна ги посвоила.

    „Ова е најжешката жена досега“, „Безвременска убавица“, „Најдоброто од најдобрите“, „Подготвени сме за продолжение“, беа само дел од коментарите на нејзините фанови.

    Пред неколку недели објави дека мачките со кои сега позира се викаат Бутс и Коко и дека ги пронашла заедно со уште две мачиња и нивната мајка во својата градина.

    – Ја стерилизирав нивната мајка и ја пуштив назад во мојата градина и сега е наша! Ги посвоив другите две бебиња што ги најдовме, а овие две малечки сега се нашите нови љубови! Секогаш имаме полна куќа – напишала Хали.

     

     

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img