Ајкула ја расипа прославата на 4 јули во САД: Две лица повредени, едно потешко

By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Нападите од ајкула ги прекинаа прославите на 4 јули на островот Јужен Падре во САД. Една ајкула, како што засега се претпоставува, нападнала две лица. Повредените се пренесени во болница, а еден од нив има сериозни повреди, соопштија локалните власти.

Според АП, полицијата била повикана на напад на ајкула врз маж околу 11 часот, изјави службеничката во градот Јужен Падре, Ники Сото. На повредениот прво му била укажана помош од полицијата и пожарникарите.

Одделот за паркови и диви животни во Тексас подоцна соопшти дека две лица се повредени во нападот на ајкулата, а уште две „налетале“ на ајкулата, но дека повредите не се сериозни.

Едната од жртвите била пренесена во болница во Браунсвил, а другата е пренесена понатаму на лекување.

Врз основа на извештаите на сведоците и сликите на социјалните мрежи, капетанот на рибарството, Крис Дауди, рече дека се верува дека е одговорна само една ајкула, долга околу 1,8 метри.

На социјалните мрежи се појави и видео, а содржината може да биде вознемирувачка.

Патрола на плажа, пожарникари и полиција патролираа на брегот, а по нападот летаа дронови, рече Сото.

Последниот пријавен напад на ајкула во областа беше пред пет години, додаде Дауди.

 

Share This Article
Exit mobile version