Ахмети и Таравари се сретнаа во Гостивар, ќе се сретнат пак

By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Во просториите на општина Гостивар попладнево се одржала средба меѓу лидерот на Алијанса за Албанците, Арбен Таравари и претседателот на ДУИ, Али Ахмети, а тема на разговор, како што пренесува ТВ 21, била можната коалиција на двете албански политички партии, кои се дел од Владата на претстојните парламентарни избори.

Ахмети по средбата изјавил дека сите опции се отворени и оти повторно ќе имаат средба.

– Сме разговарале, опциите се отворени, беше многу пријателски разговор, повторно ќе се сретнеме. Ќе видиме, ќе разговараме за опциите, визијата, настаните. Во рамките на оценките што ќе ги дадат раководните органи во нашите партии, ќе донесеме одлука како и за која опција ќе се одредиме – вели Ахмети во изјава за ТВ 21.

Share This Article
Exit mobile version