More

    Aстероид ги уништи диносаурусите пред 66 милиони години заедно со три четвртини од другите животни и растенија на Земјата

    spot_img

    Да, астероид ги уништи диносаурусите пред 66 милиони години заедно со три четвртини од другите животни и растенија на Земјата, но научниците сега открија дека големиот камен удрил на пролет. Зошто е тоа битно? Тоа им потврдува на научниците дека животните штотутку излегле од сурова зима и не можеле да ја поднесат жештината од огромниот удар, па изумреле. Освен, секако, оние кои живеале на југ, негде под екваторот. Таму било есен, па шансите за преживување биле поголеми, пишува Гардијан.

    Екстремниот топлотен бран кој се ширел бил само почетокот. По овој настан, температурите нагло почнале да опаѓаат, па дошла „нуклеарна зима“ во која навистина повеќето видови исчезнале.

    – Но, за да можеш да се бориш со таа нуклеарна зима, прво требало да го преживееш вистинскиот удар – рече Мелани Деринг, палеонтолог од Универзитетот Упсала во Шведска и додаде:

    – Сè што на јужната хемисфера веќе било засолнето, од растенија, животни и видови, имало многу поголеми шанси да преживее.

    Како научниците откриле дека било пролет кога удрил астероидот? Тие нашле мали кружни оттисоци од разлетаните вжештени камчиња од астероидот и тоа во жабрите на фосили од риби во местото наречено Танис во Северна Дакота. Се чини дека рибите умреле во моментот на ударот, од парче земја кое било тектонски поместено и кое буквално ги повлекло под земја.

    За да го откријат часот на смртта на рибата, односно дека се работи за годишното време пролет, научниците морале да ги споредуваат податоците од карбонското датирање со коскените фосили, односно со тоа како коските на рибата растат во секоја сезона зависно од тоа колку храна за нив, најчесто зоопланктон, има во водата. Тие откриле и дека кога рибата загинала, ултрамали камени зовриени честички од астероидот уште паѓале врз нејзиното тело.

    Сепак, уште не е јасно дали животните на северната хемисфера навистина поминале полошо од оние на јужната. Денис Воетен, коавтор на најновата студија на Универзитетот во Упсала, рече дека има докази дека желките од северната хемисфера биле избришани во ударот на астероидот, по што нивните живеалишта биле повторно населени со желки кои живееле на југ.

    Според д-р Даниел Филд, доцент по палеонтологија на ’рбетници на Универзитетот во Кембриџ, кој не бил вклучен во истражувањето, ништо поголемо од домашна мачка не го преживеало ударот, така што многу видови исчезнале без разлика на која страна од светот се наоѓале.

    – Големите диносауруси, тие кои не се птичји диносауруси, веројатно исчезнале без оглед на тоа во кое годишно време удрил астероидот – рече тој.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img