Во фризерски салон во Белград, Србија, рано утринава околу четири часот била фрлена бомба, јавуваат српските медиуми. Салонот се наоѓа на улицата Браничевска во белградската општина Врачар.
Од Министерството за внатрешни работи наведуваат дека нема повредени, а причинета е голема материјална штета. Полицискиот увид е во тек.
Полицијата се обидува да го идентификува напаѓачот, а на видео снимките од камерите се гледа како тој крши прозорец со чекан и фрла бомба, по што бега.
– Утрово околу 3.30 часот ме повика претседателот на куќниот совет да ми каже дека се случила експлозија во нашиот салон. Јас дојдов и утврдивме дека Н.Н. лице дошло од правецот од храмот „Свети Сава“, го скршило прозорецот на вратата и ја фрлило бомбата. Настанала експлозија, салонот е уништен. Не се сомневам во никого, јас сум семеен човек, имам две деца – изјави Никола Мињовиќ, сопственик на уништениот салон.
Никола Мињовиќ, сопственикот на уништениот салон
Фото: Телеграф рс