Исплатени се трите заостанати плати во Водостопанство во државна сопственост Скопје, како резултат на синдикалните активности, информираше денеска Сојузот на синдикатите на Македонија.
„Активностите на АГРО Синдикатот и Сојузот на синдикатите дадоа конкретни резултати и во петокот на вработените во АД Водостопанство на РСМ во државна сопственост – Скопје им беше исплатена една од трите заостанатите плати , а во текот на денешниот ден им се исплатени уште две заостанати плати“, соопшти ССМ.
На денешната разврска на проблемот со неисплатените три плати претходеше најава за штрајк.