Голманот на Парма, Џанлуиџи Буфон не прими гол на вчерашниот натпревар од 21. коло на Серија Б против Беневенто (0:0). Ова е негов 500-ти натпревар со „сува мрежа“ во кариерата.
Четириесет и четиригодишниот голман не прими гол на 92 натпревара за Парма. Тој имаше 322 средби со чиста мрежа за Јувентус, 77 за Италија и девет за ПСЖ.
Буфон оваа сезона забележа 21 настап за Парма. Прими 22 гола, а седум пати ја одржуваше мрежата „сува“.
Во Парма од пред неколку дена член е македонскиот репрезентативец Горан Пандев.