Деп е и сликар, продавајќи ги портретите што ги направил за повеќе од 3 милиони евра

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Американскиот актер Џони Деп во четвртокот преку една британска галерија продаде колекција од портрети на Холивуд и рок икони кои самите ги направил за 3,5 милиони евра.

Деп на Инстаграм напиша дека портретите што ги создал од слики на компјутерот се ставени на продажба преку Castle Fine Art, кој има мрежа на галерии во Велика Британија.

Колекцијата се вика „Пријатели и херои“ и е посветена на оние кои актерот ги запознал и оние кои го инспирирале, објаснува Castle Fine Art.

Некои од портретите вклучуваат Боб Дилан, Елизабет Тејлор, Ал Пачино и Кит Ричардс.

Галеријата објави дека нејзината веб-страница, која нуди 780 дела на продажба, е преполна со барања од купувачи.

Клиентите платиле 17.800 евра за комплет од четири принтови или 4.700 евра за еден.

Во јуни, Деп беше награден со десет милиони долари за клевета во тужбата против поранешната сопруга Амбер Херд. Триесет и шест годишната актерка се огласи со жалба.

Share This Article