Апел до граѓаните и политичките субјекти

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

И денеска како и сите изминати денови откако почнаа ненајавените протести, упатувам апел за практикување на мирен протест како дел од дијалогот, напиша министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски на неговиот фејсбук профил.

Тој наведува дека дијалогот продолжува на денешните собраниски седници на кои е најавено обраќање на претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен и на кои ќе се расправа за Информацијата за содржината на Предлог-преговарачката рамка за пристапните преговори на Република Северна Македонија со Европската Унија, предложена од страна на Претседателството на Франција на 30 јуни 2022 година.

Иако ниту вечерашниот, ниту протестите во изминативе неколку дена не беа уредно пријавени, наспроти неодговорноста на организаторите, пишува Спасовски, повикувам на свесност и одговорност во постапките. Никогаш поважни и порешавачки не биле европските вредности и социо-културни манири од сега – моментум кога демократските процеси мора да течат непречено.

– Почитувани граѓани, Македонци, Албанци, Срби, Турци, Роми, Власи, сите граѓани на Република Северна Македонија, Ве уверувам, македонската полиција останува на нивото на својата задача во заштитата на уставно загарантираното право на протест на граѓаните, и секако, на безбедноста на институциите и граѓаните – напиша Спасовски на Фејсбук.

Share This Article