More

    39. издание на Неделата на современ танц

    spot_img

    Утре со почеток во 20 часот, во рамки на триесет и деветтото издание на интернационалниот фестивал Недела на современ танц во Загреб, Хрватска, на сцената на Загребачки плесни центар ќе се изведат две кореографии на Скопје танцовиот театар, Outline на Дејан Битривски, во која настапува Анастасија Данчевска и „Не ми ги допирај очите“ на Адријана Данчевска. Ова е прво претставување на Скопје танцовиот театар на овој значаен фестивал.

    Кореографот Битровски за Outline вели дека е посветена на жената и нејзиниот однос со општеството, а кореографката Данчевска во најавата за нејзината кореографија вели:

    – „Не ми ги допирај очите“ се поистоветува со човекот во Македонија. Го слави животот, убавото во едноставното и гневот во постоењето. (Кога ќе те снема, може повторно да те заима). Следете политика и главите кон сонцето!

    Музиката за претставата ја потпишуваат Артефакт и Гордан Спасовски трио. Во перформансот настапуваат Адријана Данчевска и Дејан Битровски.

    Во рамки на вечерта, во 18 часот, уметничката директорка на Скопје танцовиот театар и деканка на Филмската академија, Катедра за современ танц при универзитетот Гоце Делчев, професорката Рисима Рисимкин, ќе одржи предавање на тема Развој на софтвер за компјутерски генерирана кореографија, а на 9 јуни, во рамки на фестивалската програма Андријана Данчевска ќе има работилница за современ танц.

    Адријана Данчевска, танчер и кореограф е активен член на Скопје танцовиот театар. Свое короеграфско деби има со кратката кореографија 32°; дел од претставата Импулс“, премеирно изведена на Танц фест Скопје. Потписник е на повеќе кореографии: „Погрешно“ за Универзитетот за убави уметности од Цирих, Швајцарија, „Скеч“ за Кодартс универзитетот од Холандија; продукции на Скопје танцовиот театар Жива на друго место“; „Д.О:Л:“; „Дома“ „Не ми ги допирај очите“, Go Figure it Out, како и на првиот танцов филм кај нас, насловен „Дома“. Учесник е во финалето на првиот Интернационален натпревар за млади короеграфи и танчери ТАНЦЛАБ Скопје 2014, на Интернационалниот напревар Сергеј Дјагиљев“, а во 2013 настапува на турнејата на Масданца фестивалот на Канарските острвои. Со Скопје танцовиот театар настапува на сцените низа Македонија, како и на повеќе светски фестивали. Од 2017 септември Данчевска е асистент на Катедрата за современ танц при УГД.

    Дејан Битровски, танчер и кореограф, активен член на Скопје танцовиот театар. Свое кореографско деби има во мај 2017 година со кореографијата Јас и ние“, а потписнек е и на кореографиите „Луцидниот Јос“, „Autline“, „Ѓаволска дупка“, 09190, во продукција на Скопје танцовиот театар. Од септември 2017 активно работи во организација на програмите на Скопје танцовиот театар и Танц фест. Од 2018 септември Битровски е стручен соработник на Катедрата за современ танц при УГД, Со Скопје танцовиот театар настапува на сцените низ Македонија и на светски фестивали и на сцената на Националниот театар за современ танц Шајо во Париз, Франција.

    Анастасија Данчевска е современ уметник и танчер, активен член и на Скопје танцовиот театар од 2014 година. Во 2017 по завршувањето на студиите станува и стручен соработник за класичен балет на катедрата за современ танц на Филмската академија при универзитетот Гоце Делчев Штип. Од 2021/2022 запишува двегодишни магистерски студии како танцов педагог на универзитетот Гоце Делчев Штип.

    Анастадија Данчевска учествува во вториот CEEC-China summer dance camp во 2016 година, и е вклучена во продукцијата на Грегор Луштек Cradle, која има турнеја низ Кина и Европа. Како танчер соработува со повеќе странски кореографи како Џоан Ван Дер Маст (Холандија), Антонело Тудиско (Италија), Чао Ке (Кина), Грегор Луштек (Словенија), Тан Хао (Кина) Шимон Кубан (Чешка) Јотам Пелед (Германија). Настапува во претставите на Скопје танцов театар: SMSSilence of the beesChiaroscuroAlive somewhere else“,„SymbolWrongDOLCauldronSame sourceOutlineIdentitiesFlesh and boneTragedy of the tiger beetleLucid JossSketchHomeDevil’s holeIdentities-History of an extended dreamDon’t touch my eyes. Со Скопје танцовиот театар учествува на повеќе фестивали како: Exodos Ljubljana Festival во Љубљана, Словенија, SHARE во Братислава, Словачка, Open Stage во Хаг и Ротердам, Холандија, Holland dance festival Хаг, Холандија, Battery dance festival Њујорк, САД и на сцената на Националниот театар за современ танц Шајо во Париз, Франција.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img