More

    Четвртото лице почина од труење со метанол во Лаос

    spot_img

    19-годишна Австралијка е четвртата личност која починала од масовно труење со метанол во Лаос.

    Австралискиот премиер Ентони Албанес денеска ја потврди нејзината смрт.

    „Една млада Австралијка почина, а друга е во тешка состојба поради труење од контаминиран алкохол додека беше во Лаос“, изјави Албанес за медиумите.

    Данските и американските власти потврдија и дека двајца Данци и еден Американец починале по ноќно излегување во туристичкиот град Ванг Виенг, каде што пиеле алкохол за кој се верува дека бил загаден со некоја токсична супстанција.

    Според британските и австралиските медиуми, на група од десетина туристи и се слошило по излетот во Ванг Виенг на 12 ноември, а неколкумина биле пренесени во болниците во Бангкок, во соседен Тајланд.

    Непосредно пред изјавата на австралискиот премиер, американскиот Стејт департмент ги информираше медиумите дека Американец загинал во Ванг Виенг, Лаос.

    Минатата недела во Лаос починаа и две Данкики, на возраст од 19 и 20 години, потврдија денеска данските власти, без да дадат дополнителни информации.

    Австралиската премиерка изјави дека девојката Бјанка Џонс трагично го загубила животот, а нејзината пријателка Холи Боулс се бори за живот.

    Холи Боулс е на вентилатор во болница во Бангкок, изјави нејзиниот татко вчера за Australian Nine News.

    Тие пиеле во барот на хостелот каде што престојувале пред да излезат во градот, објави Sydney Morning Herald. Тие не го напуштиле сместувањето на 13 ноември, а вработените во хостелот итно ги пренеле во болница.

    Ванг Виенг, кој се наоѓа во провинцијата Виентиан на северозападот на Лаос, е популарна дестинација за младите туристи, а позната е и по својот еко-туризам.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img