More

    Израел нападна палестински бегалски центар, најмалку двајца загинати, неколку повредени

    spot_img

    Иако во Доха се преговара за прекин на огнот меѓу Израел и Газа, израелските сили продолжуваат со гранатирањето. Двајца цивили загинаа, а неколку други се повредени во воздушен напад врз бегалски центар на Западниот Брег.

    Израелските сили извршија воздушен напад врз палестинскиот бегалски центар Балата во градот Наблус на окупираниот Западен Брег, при што загинаа двајца Палестинци, а седуммина беа ранети, од кои еден тешко, соопштија палестински извори.

    Израелската армија го потврди нападот и изјави дека се убиени двајца вооружени милитанти, пренесува француската новинска агенција АФП.

    Според палестинската новинска агенција Вафа, меѓу ранетите во нападот, кој се случил со дрон, има една жена и едно дете, додека израелската армија наведува дека во нападот биле убиени двајца „вооружени екстремисти“.

    Израелските воздухопловни сили нападнаа и елиминираа вооружени борци кои претставуваа закана за силите кои дејствуваат во областа Наблус, се вели во соопштението на израелската војска.

    Според неа, нападот се случил ноќе додека војската и полицијата обезбедувале пристап за еврејските верници до гробот на Јосиф во Наблус, свето место и за Евреите и за муслиманите.

    Најмалку 627 Палестинци се убиени од израелски војници и доселеници на Западниот Брег од 7 октомври минатата година, според податоците на палестинското Министерство за здравство, цитирано од АФП. Најмалку 18 Израелци, вклучително и војници, беа убиени во палестинските напади на Западниот Брег во истиот период, според израелските податоци. Денеска во Доха продолжуваат преговорите за прекин на огнот во Газа, но според прогнозите претставници на Хамас нема да учествуваат во тие преговори.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img