More

    Во Шангај велат дека го спречиле најлошиот бран на короната

    spot_img

    Шангај во петокот објави дека најлошата појава на инфекција со Ковид-19 е ефикасно спречена, по едномесечното заклучување за близу 25 милиони луѓе, а властите ветија дека ќе одржат стратегија за нулта ковид и покрај економските последици.

    Бројот на новозаразени во финансискиот центар на Кина е „во постојан надолен тренд“ од 22 април, рече заменик-градоначалникот на Шангај, Ву Кинг.

    „Во моментов превенцијата од епидемијата и контролата на состојбата во нашиот град постојано се подобруваат, а епидемијата е ставена под ефективна контрола“, рече заменик градоначалникот на прес-конференција.

    Од вкупно 25 милиони граѓани, многумина се сè уште под карантин и се огорчени од мерките, кои сега се во вториот месец и се спроведуваат како дел од пристапот на Кина „нулта-ковид“.

    Веу звучеше претпазливо, велејќи дека иако локалниот пренос е „ефикасно ограничен“, постои ризик од враќање и градот нема да се откаже од својата стратегија за „динамично чистење“.

    „Не можеме да се опуштиме, упорноста е победа“, рече тој, повторувајќи ги коментарите од состанокот на постојаниот комитет на владејачката Комунистичка партија во четвртокот навечер.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img