More

    Сончево и жешко со слаб до умерен ветар од северен правец

    spot_img

    Времето денеска ќе биде сончево и жешко со слаб до умерен ветар од северен правец, известуваат од УХМР.

    УВ индексот ќе изнесува 8.

    Максималната температура ќе изнесува од 32 до 40 степени Целзиусови, а минималната од 11 до 22 степени Целзиусови во делови на Македонија.

    Времето денеска во Скопје ќе биде сончево и многу топло со слаб ветар од северен правец.

    Под влијание на многу топла воздушна маса од југ, од денеска до крајот на седмицата времето ќе биде претежно сончево и многу топло. Особено жешко ќе биде до среда кога дневната температура наместа ќе надминува 40 степени Целзиусови и на повеќе места ќе биде активирано портокалово ниво за опасност од високи температури.

    И покрај високите температури, од среда до петок во попладневните и во вечерните часови, ќе има локална појава на нестабилност со пороен дожд, грмежи, засилен ветар и услови за изолирано невреме со интензивен пороен дожд, грмежи, силен ветар и со град.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img