Турскиот Парламент усвои закон што налага сите кучиња скитници да бидат уловени и префрлени во прифатни центри, подалеку од улиците каде што сѐ почесто напаѓаат и луѓе.
Најагресивните и оние со неизлечиви болести ќе бидат уништени.
Активистите за права на животните ја критикуваат иницијативата, тврдејќи дека е подобро да се спроведе масовна кампања за стерилизирање.
Законот го предложи владејачката Партија на правдата и развојот на претседателот Реџеп Тајип Ердоган.
Се проценува дека низ турските градови има околу 4 милиони кучиња скитници.
Законот досега налагаше секое куче без сопственик да биде одведено на ветеринар заради стерилизирање и вакцинирање, а потоа да биде вратено на истото место каде што било пронајдено.
Многу од кучињата се маалски и за нив се грижат цели заедници.