Советникот на градоначалникот на Мариупол Петро Андриушченко изјави дека продолжуваат интензивните напади на Мариупол.
„Ако има пекол во светот, тој е во Азовстал“, рече тој, пренесува Си-Ен-Ен.
„Дури и ноќе постојано има гранатирање и напади“, рече Андриушченко, објаснувајќи дека нападите биле извршени ноќе со прилагодување на оган од дронови. Тој додаде дека населбите во близина на челичарницата морале веднаш да се евакуираат без предупредување.
Во средата беше објавено дека Русите упаднале во фабриката за челик каде што е последната група украински борци и неидентификуван број цивили.
Од минута во минута ја следиме ситуацијата во Украина ТУКА.