Екипите на противпожарната единица на Битола утрово продолжуваат да го гаснат пожарот што вчера избувна над градот и се обидуваат целосно да го стават под контрола.
Од Општина Битола утрово информираа дека заедно со екипите на јавните претпријатија во моментот на терен се над 100 лица, за кои се обезбедени доволни количини на храна и вода.
„Паралелно се одржува комуникација со центарот за управување со кризи од каде е најавена поддршка од воздух во гаснењето на пожарот“, соопштија од Општината.