More

    Ахмети порача дека волјата на Албанците не е играчка на ВМРО-ДПМНЕ

    spot_img

    Демократската унија за интеграција (ДУИ) е скандализирана од, како што вели, навредливиот наратив на ВМРО-ДПМНЕ кој го потврдува флагрантното кршење на изразената изборна волја на албанскиот народ и другите етнички заедници, чие соединување во Европскиот фронт се покажа како втора политичка сила во државата.

    „Седумгодишниот антиалбански наратив наметнат од ВМРО-ДПМНЕ создаде искривена, неточна и опасна слика за нашата држава. За скандалозниот израз ‘Ахмети да престане да се однесува како палаво дете кое плаче за играчка која не е негова’, на ВМРО-ДПМНЕ треба да ѝ биде јасно дека Владата не е играчка во нивни и во ничии раце и кршењето на волјата на суверенот е антидемократски чин и против Охридскиот договор“, се наведува во реакцијата на ДУИ.

    Демократската унија за интеграција истакнува дека останува доследна на својот став за почитување на гласот на албанскиот народ и другите етнички заедници, бидејќи смета дека тоа е единствената гаранција за стабилност и прогресивен континуитет на земјата.

    „Оваа земја е заедничка и секој треба да придонесе за здрави меѓуетнички и меѓусоседски односи, како и партнерство со Соединетите Американски Држави. Никој да не мисли дека народот ќе дозволи враќање назад од започнатиот пат на еднаквоста и европскиот пат! Целосниот изборен и демократски легитимитет и кредибилитет му припаѓа на Европскиот фронт и безусловното вазалство на губитниците е предодредено да пропадне бидејќи ја нема поддршката од народот“, се додава во реакцијата на ДУИ.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img