Според видео камерите на „Јавното претпријатие за државни патишта“ во овој момент се гледа голема фреквенција и гужва на граничниот премин „Богородица“ за влез кон Грција.
Луѓе излезени од своите автомобили чекаат во ред за да поминат пасошка контрола, а некои се шетаат надвор додека нивните автомобили се заглавени во редицата.
Гужви за влез во Грција започнаа вчера попладне кога исто така имаше голем наплив на автомобили на „Богородица“.