Контроверзната Бјанка Ценсори и нејзиниот сопруг, американскиот рапер Канје Вест, во Лос Анџелес пристигнале на вечера во ресторан каде ги вџашиле присутните.
Таа дошла во црн градник и во хеланки од тантела во боја на кожа, но е носела долна облека, а интимните делови ги покрила со чантата. Канје, како и обично, бил облечен во црно.
Дваесет и деветгодишната Бјанка подолго време се појавува насекаде во разголени изданија и покажува интимни делови од своето тело, а раперот нејзините експлицитни фотографии и видеа ги објавува на „Инстаграм“.
Нејзиното семејство е сè повеќе загрижено за нејзиното однесување откако таа е во брак со Канје Вест.
– Таткото на Бјанка сака да седне со Канје и да го праша како може да парадира наоколу со неа како да е гол трофеј. Сака да го праша што би направил доколку неговите ќерки Норт и Чикаго се појават полуголи во јавност, а нивните сопрузи го одобруваат тоа – изјавил извор неодамна за „Daily Mail“.