Две лица загинаа во напад на руско беспилотно летало синоќа во украинскиот регион Виница, неколку стотици километри западно од Киев, соопштија украинските власти.
„Руските сили ја нападнаа областа Виница со беспилотни летала, има мртви и ранети“, соопшти полицијата на Телеграм, додавајќи дека две лица, маж и жена, починале во болница.
Други детали засега не се соопштуваат.
На крајот на февруари 2022 година, Русија ја започна својата инвазија на Украина.