Апасиев го критикува Законот за рестриктивни мерки во Собранието

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Пратеникот од Левица Димитар Апасиев го критикуваше на собраниска седница предлогот за измени на Законот за рестриктивни мерки, кој е во собраниска процедура во прво читање.

– Овој закон е невиден феномен во историјата на правото на независна Македонија. Нема земја која има ваков закон – со кој ние практично престануваме да постоиме како суверена држава и стануваме омеѓена територија без сопствен правен поредок – рече Апасиев, кој е професор по правни науки.

Тој го спореди овој предлог закон со прочуената „Обзнана“, закон донесен од Кралството СХС во 1920 година со кој се забранувала секаква болшевичка комунистичка пропаганда, а вршителите на таа пропаганда требало да се избркаат од сите државни служби, од најниско до највисоко ниво.

– Ако некогаш во ,,Обзнаната” во кралството Југославија се таргетирале противници заради болшевизам, сега се користи еуфемизмот „хибридно дејствие“, за кое ни Господ ни Ѓаволот не знаат што значи ова хибридно дејствие, ниту тоа некаде е дефинирано. За прв пат, спротивно на меѓународно јавно право, спротивно на меѓународно приватно право, признавање и извршување на странски судски одлуки, управен акт, значи некојси чиновник од Америка или од Британија што ќе потпише, ќе стигне тука и тука ќе следуваат вакви бркања од работа, забрана на партии, хибридни закани и слично, и ќе станеме лов на вештерки со новата „обзнана“ која ни се спрема. За среќа, за првпат ќе се сложам со министерот Лога или со некој писмен чиновник во Министерството за правда, кој дал негативно мислење и парам парче во го прави законот, за што во се се согласувам и потпишувам. Ова не е само спротивно на уставот и на Европска конвенција, туку е спротивно на здравиот разум и затоа барам точката да се тргне од дневниот ред – рече Апасиев.

Share This Article