More

    Со медицински хеликоптер (медикоптер) во сопственост на МВР денеска беше транспортиран пациент од Скопје до Австрија, што е прв меѓународен лет од ваков вид реализиран од Македонија

    spot_img

    Со медицински хеликоптер (медикоптер) во сопственост на Министерството за внатрешни работи (МВР) денеска беше транспортиран пациент од Скопје до Австрија, што е прв меѓународен лет од ваков вид реализиран од Македонија.

    Директорот на болницата „8 Септември” д-р Христијан Костов рече дека во најкраток можен рок биле набавена и вградена најсовремена медицинска опрема за интензивна нега на пациенти во медикоптерот за итен медицински транспорт. Тој се заблагодари на кооперативноста на МВР во реализирањето на оваа хумана мисија.

    – Заедно со Министерството за внатрешни работи ја утврдивме медицинската и безбедносната маршута на движење на медикоптерот, со цел безбедно пристигнување на нашиот пациент во придружба на искусен медицински тим за интензивно лекување до Клиниката во Виена – рече Костов.

    На настанот присустуваа дополнителниот заменик министер за внатрешни работи Митко Бојмацалиев и директорот на Бирото за јавна безбедност Сашо Тасевски.

    – Оваа хумана мисија ја демонстрира кооперативноста на двете министерства за внатрешни работи и за здравство, но и го потенцира значењето на интеграцијата на модерните технологии и ресурси во спасувачките и медицинските операции – изјави Бојамацалиев.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img