Намалена видливост до 100 метри поради појава на магла има на Страцин, соопшти јавното претпријатие „Македонија пат“.
Сообраќајот на останатите државни патишта се одвива тековно во зимски услови, по претежно влажни коловози. По усеците и клисурите можна е појава на поситни одрони кои, како што велат од ЈП „Македонија пат“, редовно се чистат.
Оттаму апелираат на внимателно управување со возилата, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и прилагодување на брзината кон условите на патот.
Дежурните екипи се постојано на терен и ги одржуваат сите патни правци проодни.