More

    Во 2021 година, робот во фабриката на Тесла повреди инженер: „Имаше крвава трага на подот“

    spot_img

    Инженер на Tesla во фабрика лоцирана во близина на Остин, САД, бил повреден од робот во 2021 година, според извештајот испратен до регулаторите.

    Роботот бил дизајниран да ракува со свежо излеани алуминиумски делови за автомобили, а несреќата се случила додека инженерот работел на две други машини.

    Сведоците го опишаа инцидентот
    Сведоците, наводно, го виделе моментот кога робот во фабриката Гига Тексас закачил инженер и му турнал држач во грбот и раката. По несреќата, зад работникот на фабричкиот под останала трага од крв, стои во извештајот за повреда од 2021 година.Инженерот по инцидентот останал со „отворена рана“ на левата рака. Тој побегнал од роботот откако неговиот колега го притиснал копчето за да ја запре машината.

    Компанијата соопшти дека за повредите на инженерот не е потребно отсуство од работа, пренесува Индекс.

    Чести несреќи во фабриката
    Јавноста веќе подолго време ја критикува работната средина во фабриката на Тесла, Гига Тексас. Податоците укажуваат на повисока стапка на повреди во споредба со просекот во индустријата.

    Во фабриката Гига Тексас беше пријавена една сериозна повреда на секои 26 работници. Во другите големи американски фабрики за автомобили, овој сооднос е 1:38.

    Тесла сè уште нема објавено соопштение за овој случај.

     

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img