Фудбалерот на Челзи, Конор Галагер е предмет на интерес од неколку клубови, бидејќи неговиот актуелен договор со „сините“ истекува за 18 месеци.
Во текот на летото, Тотенхем се распрашуваше за Галагер, кој е стандарден оваа сезона во дресот на Челзи. Англичанецот често ја носи капитенската лента со оглед на тоа што Рис Џејмс пропушти голем број на натпревари, а десниот бек ќе може да игра најрано на крајот на февруари.
Галагер е играч од средниот ред кој на различни начини придонесува за тимот, поради што ја заслужи довербата на Покетино. Од стартот на сезоната играше на сите позиции во средината, но сепак не го продолжи договорот со тимот во кој израсна.
„Како тренер, тешко ми е да ја коментирам таа ситуација – нејзиниот исход зависи од Конор и од лидерот на клубот. Тие ќе одлучат, а јас можам да го кажам моето мислење и да ги советувам. Презадоволен сум од игрите на Галагер“, изјави Покетино.
Како играч од таков профил, тој е компатибилен со барањата на менаџерот на Тотенхем, Ангелос Постекоглу, кој прави вистинска револуција откако пристигна во Лондон. Австралиецот претходно потврди дека „петлите“ немаат премногу пари на располагање за да донесат засилувања, но средствата би можеле да се соберат со продажба на играчи кои имаат нешто помала минутажа.
Приоритет на Тотенхем во јануарскиот преоден рок е да донесе стопер бидејќи Мики Ван де Вен е повреден, а Постекоглу не е задоволен од дефанзивците кои можат да играат во тандем со Кристијан Ромеро во негово отсуство. Главен кандидат е стоперот на Ница, Жан-Клеар Тодибо.