More

    Новата година ќе ја дочекаме со „ДНК“ – на Данела не ѝ успеа изненадувањето?!

    spot_img

    На речиси две недели од дочекот на 2024 година, сѐ уште нема никакви официјални дали Град Скопје ќе има организиран дочек на плоштадот „Македонија“.

    Сепак, Плусинфо од свои извори дознава дека оваа година повторно ќе настапат уметниците од „Мерак Меана“, додека „Среќна нова 2024“ година на скопјани ќе им посакаат Андреј и Панчо од дуото „ДНК“.

    Според нашите информации, познатите музички имиња сѐ уште преговараат со градските власти, сѐ со цел да не пропадне организираниот пречек на плоштадот „Македонија“, па поради тоа повеќето имиња се чуваат во тајност, бидејќи не се знае кои од нив ќе бидат слободни на 31 декември.

    Како што е веќе познато, слична беше состојбата и минатата година, кога во „5 до 12“ дознавме дека „Мерак Меана“, Наум Петрески, Благица Павловска, Ферус Мустафов, Зуица Лазова, Ленче и Горан Кукиќ, Елена Ристеска и други ќе ги забавуваат скопјани.

    Тогаш се шпекулираше дека програмата се криела и на музичарите им било кажано да не објавуваат детали на своите профили, за изненадувањето да биде поголемо.

    И покрај нашите неколку обиди да дознаеме дали ќе се организира пречек на Новата година и кои музичари ќе настапат, сепак, градоначалничката Арсовска и нејзиниот кабинет не ни испратија одговори.

    Единствената официјална информација од кабинетот на градоначалничката Данела Арсовска е дека главниот град ќе блесне до 15 декември, но за драстично пониска сума од онаа која секоја година се трошела за украсување.

    „Некој треба да одговори како се трошеле помеѓу 90.000 и 245.000 евра за украсување, пари на граѓаните кои завршувале во приватни џебови, а сега градот се кити за 30.000 евра“, беше наведено во соопштението од нејзиниот кабинет.

    Но, детали околу новогодишната забавна програма, со цел граѓаните кои сакаат да слават на плоштад да можат да планираат и да се организираат, сѐ уште нема.

    Само за потсетување, кога стануваше збор за самата прослава на минатогодишната новогодишна ноќ, граѓаните од Град Скопје не добија никаква информација, туку пејачката Елена Ристеска неколку дена пред да настапи ги покани своите фанови да ѝ се придружат на прославата која се случи на плоштадот „Македонија“.

    За учеството на другите уметници, скопјани дознаа на 30 декември од Здружението на естрадни уметници „Естрада“ кое заедно со компанијата СЛС ја организираше прославата на плоштадот „Македонија“ во Скопје.

    Инаку, лани забавата на градскиот започна од 20:30 часот со групата „Саут Парк“, по нив од 21:30 настапи групата „Дупер“. Половина час подоцна на бината се качи бендот на „Мерак Меана“ заедно со Ферус Мустафов, Наум Петрески, Зуица Лазова, Ристо Самарџиев и уште неколку пејачи. Главната ѕвезда на вечерта, Елена Ристеска, започна да пее во 23:30, која заедно со скопјани ја испрати старата и ја дочека новата 2023 година, а од 00:30 скопјани ги забавуваше ди-џеј.

    Дали и годинава музичката програма сѐ уште не се објавува со цел изненадувањето на граѓаните да биде поголемо, нема детали. Јавноста не знае ниту дали ќе има организиран дочек, ниту, пак, кој ќе настапи.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img