Првиот човек на ООН за ситуацијата во Газа

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

И покрај „зракот на надеж“ донесен од примирјето меѓу Израел и Хамас, жителите на Газа доживуваат „монументална хуманитарна катастрофа“, рече денеска генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш и побара воспоставување „вистинско хуманитарно примирје“.

– Населението во Газа живее сред монументална хуманитарна катастрофа пред очите на светот. Не треба да го вртиме погледот на страна. Во тек се интензивни преговори за продолжување на примирјето – што ние искрено го поздравуваме. Но, мислиме дека ни е потребно вистинско хуманитарно примирје – рече Гутереш пред Советот за безбедност на ОН.

Тој потсети дека 80 отсто од населението во Газа е раселено од почетокот на војната, синџирот за снабдување со храна е разбиен, поради што се шири глад, особено на северот од енклавата. Гутереш укажа и на страшната санитарна состојба во засолништата, којашто претставува „сериозна закана за јавното здравје“.

– Количината на помош што стигнува до Палестинците во Газа сè уште е целосно недоволна за да ги задоволи потребите на повеќе од два милиони луѓе, особено кога станува збор за гориво – рече генералниот секретар на ОН.

Тој повторно побара отворање на други премини кон Појасот Газа покрај преминот Рафа со Египет.

Гутереш исто така рече дека од почетокот на конфликтот во Газа досега загинале 111 работници на Обединетите нации, што е најголем број на загинати службеници на светската организација во нејзината историја.

Од почетокот на конфликтот, според шефот на ОН, околу 45 отсто од сите куќи во Газа се оштетени или уништени, 80 отсто од луѓето се протерани од своите домови, а повеќе од милион цивили се во засолништа на ОН.

– Да бидам јасен: цивилите, вклучително и персоналот на Обединетите нации, мора да бидат заштитени. Цивилните објекти, вклучително и болниците, мора да бидат заштитени. Објектите на ОН не смеат да бидат цел на напади – рече Гутереш, нагласувајќи дека „меѓународното хуманитарно право мора да се почитува од сите страни во конфликтот во секое време“.

Share This Article