Реал Мадрид ја започна потрагата по нов тренер кој ќе го наследи Карло Анчелоти на крајот од сезоната.
Анчелоти ја продолжи кариерата како селектор на бразилската репрезентација, а по се изгледа мадридскиот клуб веќе го најде неговиот наследник. Според шпанските медиуми, одлуката паднала на тренерот на Брајтон, Роберто де Зерби, кој одлично си ја врши работата во англискиот клуб.
Де Зерби е одговорен за пласманот на Брајтон во Европа, што е историски успех за тој клуб. Многумина го сметаат за еден од најдобрите светски стратези во моментов, а јавноста се восхитува на неговиот офанзивен стил на игра.
Претседателот на Реал Флорентино Перез во него го гледа идеалниот тренер за развој на подмладен тим. Кралскиот клуб моментално е на второто место во Ла Лига со 32 бода.