Големата филмска ѕвезда Моника Белучи пристигнала во Солун каде што ќе се појави на црвениот тепих во пресрет на големиот филмски фестивал во Солун.
Белучи, на која, на 64. Меѓународен филмски фестивал во Солун, ќе ѝ биде доделена наградата „Златен Александар“ за севкупниот придонес во кинематографијата, од средата попладне е во грчкиот град, а нејзините обожаватели брзаат да се фотографиират со неа каде и да ја видат.
Притоа вниманието го привлекла со стилот, избрала едноставен и елегантен изглед облечена во широки црни панталони кои ги искомбинирала со црно палто и црна проѕирна кошула.
Моника е позната по својот совршен стил, а многумина ја сметаат за една од најубавите жени на светот. И покрај тоа што е многу згодна и привлечна, Моника најчесто избира многу скромен изглед, без многу да открива и да ја истакнува својата сексапилност во преден план.
Таа е сместена во централниот хотел со пет ѕвезди на авенијата Никис, во апартман на последниот кат со поглед на Термаикос. Попладнето, кога заминала кон „Складиште 1“ во солунското пристаниште, каде се одржува Фестивалот, таа ги поздравила луѓето под хотелот и се фотографирала со нив.
Италијанската ѕвезда им се насмевнала на новинарите кои таму ја чекале.
Белучи непосредно пред почетокот на прес-конференцијата ги тргнала од лицето црните очила за сонце и упатила бакнеж кон камерите.
Како што пишуваат медиумите, единственото барање на познатата актерка од хотелот е да ја почитува нејзината приватност, а таа е особено љубезна и пристапна кон сите.
Утрото појадувала во апартманот на горниот кат од хотелот. Тоа, меѓу другото, вклучувало кроасани, мед и колачи, без да се бара ништо посебно.
Италијанската актерка присуствувала на премиерата на филмот „Марија Калас: Писма и мемоари“ (Maria Callas: Letters and Memories) на Том Волф и Јанис Димолика.
ФОТО: Инстаграм