More

    Адел не пие алкохол три месеци, но признава дека и недостига

    spot_img

    Англиската пејачка Адел им кажала на своите фанови дека престанала да пие алкохол откако признала дека била на работ на алкохолизам во своите дваесетти, пренесуваат британските медиуми.

    Адел (35) на својот настап во Лас Вегас и призна на публиката дека престанала да пие алкохол пред околу три и пол месеци, велејќи дека тоа воопшто не е забавно, објави британскиот портал Метро.

    Сепак, таа изјави дека алкохолот многу и недостасува.

    „Мислам, јас бев буквално на работ на алкохолизам во поголемиот дел од моите дваесетти, но многу ми недостига.

    „Уживајте во вашето виски. Многу сум љубоморна“, изјави таа на еден обожавател за време на настапот. Додала дека се откажала од кофеинот заедно со алкохолот.

    Адел во март откри дека еднаш испила четири шишиња вино пред ручек за време на пандемијата.

    Пејачката во последните две години е во врска со Рич Пол (41), спортски агент со кого е свршена.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img