Палестинската воена група Хамас се закани дека ќе го нападне израелскиот град Ашкелон, кој се наоѓа надвор од Појасот Газа, како одговор на израелските напади врз Газа, јавува Би-Би-Си. Хамас на социјалната мрежа Телеграм ги повика жителите на овој град да го напуштат до 17 часот по локално време.
Повеќе од 4.500 ракети веќе се истрелани од Газа кон Израел од саботата, соопшти израелската војска. Израелските одбранбени сили штотуку соопштија дека во Тел Авив и низ Израел се огласуваат ракетни сирени.
Истовремено, двајца странски работници се убиени, а уште еден тешко повреден во ракетен напад во регионот Есхол што граничи со Газа, штотуку соопштија израелските служби за итни случаи.
Пред само неколку часа израелските власти обзнанија дека ја имаат контролата врз границата со Појасот Газа.
Израелските власти проценуваат дека Хамас држи меѓу 100 и 150 израелски заложници во Газа. Би-Би-Си напиша дека Хамас изјавиле дека нема да преговараат во врска со судбината на заложниците пред да завршат борбите.
Хамас претходно се закани дека ќе ги егзекутира заложниците за секоја ненајвена граната падната врз куќа на жители во Газа.