More

    Орлиќ: Сите знаат дека Курти е одговорен за сите жртви на северот на Косово

    spot_img

    Орлиќ: Сите знаат дека Курти е одговорен за сите жртви на северот на Косово
    Претседателот на српскиот парламент, Владимир Орлиќ, говорејќи за вооружениот конфликт на северот на Косово во кој на 24 септември беше убиен албански припадник на косовската полиција и четворица Срби, рече дека „сите знаат дека секоја од жртвите кои падна е одговорност на (косовскиот премиер) Аљбин Курти“.

    Орлиќ за телевизијата Пинк изјави дека „прашање е дали се свесни за вистината и како дошло до сето тоа“.

    Тој рече дека Курти „преку теророт што го спроведува врз Србите на Косово и Метохија, цело време се обидувал да доведе до отворен конфликт“.

    „Ескалацијата му одговара само на Курти. Цел свет виде дека овој човек е ексклузивен негативец“, изјави Орлиќ.

    Тој изјави и дека „дел од одговорноста за се што се случи сносат и претставниците на меѓународната заедница“ кои не реагираа на претходните провокации против Србите.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img