Од почетокот на Ковид пандемијата расте бројот на деца со дијабетес Тип 1. Ендокринолозите на Детската клиника велат дека годишно оваа хронично заболување го дијагностицираат кај 70-тина деца. Според лекарите причина е вирусот, објави Сител.
– Имаме пораст на деца со дијабетес, но и со други хронични заболувања – изјави проф. д-р Стојка Фуштиќ, директор на Клиниката за детски болести.
Во земјава има 700-тини деца со дијабетес Тип 1 кои се зависни од инсулин и треба редовно да го контролираат шеќерот во крвта. За да им се олесни престојот во градинките и училиштата денеска беше промовиран „Протокол за постапување со деца со дијабет“.
За долгогодишното барање на родителите државата да набави сензори за контрола на шеќерот од министерството за здравство соопштија дека дел се пристигнати во земјава и наскоро ќе бидат поделени.
Изминатиот период здруженијата на пациенти со дијабетес одржаа и неколку протести, а меѓу клучните барања беше и набавката на сензори.