More

    Бројката на жртви во земјотресот во Мароко надмина 2.000

    spot_img

    Бројот на загинати во земјотресот што го погоди Мароко се искачи на 2.012, се наведува во соопштението на мароканското Министерство за внатрешни работи. Мароканците ноќта ја минаа на отворено плашејќи се од нов потрес.

    Бројката пак на лица кои се повредени се искачи на 2.059, од кои 1.404 се во критична состојба, додаде Министерството, пренесе АП.

    Има ограничен временски период за спасување на луѓето заробени по земјотресот во петокот вечерта, предупреди една хуманитарна работничка, пишува Би-Би-Си.

     

     

     

     

    Керолин Холт, оперативен директор на Меѓународната федерација на Црвениот крст и Црвената полумесечина, во саботата предупреди дека следните 24 до 48 часа ќе бидат „критични во смисла на спасување животи“.

    – Напорите за пребарување и спасување ќе бидат приоритетни паралелно, се разбира, со тоа што ќе се осигураме дека се згрижени оние за кои знаеме дека преживеале – рече таа.

    Националните знамиња ќе бидат на половина копје во текот на целиот период на жалост, се вели во соопштението на кралската палата, еден ден по земјотресот со јачина од 6,8 степени.

     

     

    Вооружените сили ќе распоредат спасувачки тимови за да обезбедат вода за пиење, храна, шатори и ќебиња во погодените области, се вели во соопштението.

    Најголем дел од штетите и жртвите се во тешко достапни планински области, а повредените се пренесени на лекување во болници.

    Земјотресот се случи на планинскиот венец Висок Атлас во Мароко во петокот нешто по 23 часот по локално време, на релативно мала длабочина од 18,5 километри, со епицентар на 72 километри југозападно од Маракеш.

    Уништени се историски згради. Самата џамија Кутубија, стара 850 години, делумно се урна, со оштетено минаре.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img