More

    „Човек против јато“ на Тамара Котевска е поддржан од „Еуроимаж“

    spot_img

    Паневропскиот филмски фонд „Еуримаж” на 169-та сесија во јуни оваа година го поддржа филмскиот проект на режисерката Тамара Котевска „Човек против јато” со износ од 265.000 Евра.

    – Ова е втор македонски проект кој е поддржан оваа година од Еуримаж, а е во режија на Тамара Котевска. Копродукцијата е помеѓу македонските продуценти Аполо Креатив Солушнс и Астерикс продукција и копродуцентите Филмоскопија од Србија, Зеинофилм од Турција и Нуклеус филм од Хрватска – изјави Тања Ќурчинска Пепељугоска, македонскиот национален претставник во Еуримаж.

    Куриозитет е тоа што биле пријавени 111 копродукциски проекти, бројка која не се памети во една иста сесија во историјата на Еуримаж.

    – Во ваква конкуренција проектот Човек против јато“ беше оценет одлично и рангиран на високо 3. место на ранг листата во својата група. Коментарите за проектот беа скоро идентични, би цитирала неколку: „…преубав проект кој остава силно чувство; навидум локална тема, но со исклучителен универзална димензија; режисерката точно дефинира што сака да постигне; јасно сценарио од почеток до крај. Во јунската сесија од вкупно пријавени 111 проекти, 33 добија финансиска поддршка од Еуримаж и до толку е позначајно што меѓу нив е и еден македонски проект – рече Ќурчинска Пепељугоска.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img