More

    Дури 769 градби никнале во националниот парк Шар Планина

    spot_img

    Евидентирани се вкупно 769 градби надвор од населени места, кои се наоѓаат на територијата на паркот, соопштија од Националниот парк Шар Планина кои ја завршија првата фаза за евидентирање на градбите.

    Евидентирани се вкупно 769 градби од кои во рамки на општината Тетово има 462, Теарце 115, Боговиње 74, Врапчиште 61, Јегуновце 28, Гостивар 24 и уште пет на подрачјето на општината Маврово-Ростуше.

    – За утврдување на статусот на градбите во следната фаза се планирани теренски проверки, планирано е да се разговара со секоја општина посебно, а дополнително ЈУ НП Шар Планина ќе ги извести сите релевантни институции за досегашната бројка. Потсетуваме, според планот за управување, изградба на нови туристички населби и викендички не се дозволени во зоната на строга заштита и активно управување додека воспоставување нови засолништа (од природни материјали) за традиционално пасење на добиток е дозволено во сите зони освен во зоната на строга заштита. Остануваме на заложбите за заштита на сите природни вредности на територија на НП Шар Планина и очекуваме поддршка од сите релевантни институции – информира Анела Ставревска Панајотова, раководителка во Одделението за заштита на природата.

    Според неа, за бесправните градби и узурпација на државен имот, во изминатите месеци, веќе се поднесени неколку прекршочни пријави и известувања до надлежните институции.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img