Ракометарот ширел невистини за претседателот на Македонскиот олимписки комитет

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Македонскиот олимписки комитет (МОК) денеска му изрече „забрана на вршење работа во олимпискиот спорт“ во траење од четири години на голманот на ракометниот првак Вардар 1961, Борко Ристовски.

Поранешниот прославен македонски репрезентативец е суспендиран, како што е соопштено, поради „изнесување груби лаги, клевети, невистини и ширење неточни информации на адреса на претседателот на МОК, Даниел Димевски“.

Барањето за поведување дисциплинска постапка против Ристовски беше поднесено од Димевски на 17 март, две недели по гостување на ракометниот голман како претставник на политичка партија во ТВ емисијата „ЗА или ПРОТИВ“.

Според МОК, Ристовски „прекршил повеќе членови на Статутот и Дисциплинскиот правилник на МОК, како и законите на државата, со што се нарушува директно угледот на целата спортска фела и спортски организации во јавноста“.

Ристовски најави дека своите ставови ќе ги изнесе наскоро на прес-конференција.

Share This Article