More

    Започна официјалната посета на премиерот Ковачевски на Република Словенија

    spot_img

    Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски е во официјална посета на Република Словенија, заедно со министерот за земјоделство шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски.

    Претпладнево премиерот Ковачевски беше пречекан со највисоки државни почести од неговиот словенечки колега, Роберт Голоб.

    Следува тет а тет средба на премиерите Ковачевски и Голоб, по што ќе има и билатерална средба на македонската и словенечката делегација, проследена со потпишување заедничка декларација со премиерот Голоб, за зајакната соработка помеѓу Република Северна Македонија и Република Словенија и заедничка прес-конференција на двајцата премиери.

    Долгогодишното пријателство на Република Северна Македонија и Република Словенија има потенцијал да придонесе во многу процеси од значење за регионот и за ЕУ и во таа насока е и денешната официјална посета на премиерот Ковачевски и владина делегација на Словенија.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img