Синот на легендарниот бразилски фудбалер Роналдињо, Жоао де Асис Мореира, денеска официјално потпиша договор со каталонскиот гигант Барселона, па така тргна по чекорите на неговиот татко кој во 2003 година за првпат заигра за поранешниот шпански шампион.
Жоао во февруари годинава наполни 18 години и најпрво ќе игра за младинскиот тим до 19 години на Барселона, а доколку ги покаже своите напаѓачки квалитети, тогаш сигурно за брзо време ќе биде промовиран во првиот тим.