More

    99 нови случаи на ковид-19, пет лица починаа

    spot_img

    Во последните 24 часа направени се 4.284 тестови, а регистрирани се 99 нови случаи на ковид-19, информира Министерството за здравство.

    Во Скопје има 54 новозаболени, во Битола 23, Штип 6, во Тетово, Велес, Охрид и во Кичево по 3 и во  Прилеп, Кавадарци, Гевгелија и во Радовиш по еден нов случај.

    Од вкупниот број на позитивни (99), регистрирани се 13 реинфекции.

    Регистрирани сe 148 оздравени пациенти.

    Во текот на изминатите 24 часа се регистрирани 3 починати лица: 2 починати лица од Скопје (71г и 88г) и едно починато лице од Прилеп (39г). Сите пријавени лица се починати во болнички услови.

    Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза ковид-19 од Мој Термин, дополнително се регистрирани 2 починати лица од Радовиш (88г) и Кичево (55г). Едно лице е починато во домашни услови и едно во болнички услови, регистрирани во период од 23.03 до 30.03.2022.

    Направени се 4.284 тестови преку: ИЈЗ-90, ЦЈЗ Скопје-45, ЦЈЗ Битола-55, ЦЈЗ Прилеп-5, ЦЈЗ Тетово-11, ЦЈЗ Куманово-27, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-0, Судска медицина-1, лабораторија болница Козле-0, УК Пулмологија со алергологија –0, ГОБ 8-ми Септември-0, Институт за микробиологија–52, Жан Митрев (Филип Втори)-50, Авицена-87, Биотек-110, Систина-105, лабораторија Лаор-28, Синлаб-8, Ремедика-7, Плодност-8, Генеа-87, Никоб Лаб-348, ВФВ Медикал-18, Ели Медика Плус-54, Ројал Медика–1, Спектра-ММ-21, Рапид Лаб–68, Жан Митрев Струмица–7, Нова Лаб Дијагностика–23, Рамус-40, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 2.928.

    Досега во земјата се направени вкупно 2.007.553 тестирања на ковид-19. Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 309.062, бројот на оздравени пациенти е 299.064, на починати е 9.271, а бројот на активни случаи изнесува 727.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img