More

    90 отсто од градот Северодонецк веќе е оштетен од бомбардирањето

    spot_img

    Руските војници влегоа во предградието на украинскиот град Северодонецк, јавува Ројтерс. Серхиј Гајдаи, гувернерот на Луганск утринава потврди дека во гранатирањето загинале двајца цивили, а ранети се уште пет. Според него, борбите се „жестоки“. Украинците сѐ уште се борат иако градот е разрушен.

    – Околу 90 отсто од зградите се оштетени. Повеќе од две третини од станбениот фонд на градот е целосно уништен. Нема телекомуникации – рече украинскиот претседател Володимир Зеленски во телевизиски говор.

    – Заземањето на Северодонецк е основна задача за окупаторите… Правиме сѐ што можеме за да го одржиме овој напредок – додаде тој.

    Украинските сили во Донбас соопштија дека во неделата биле во дефанзива цел ден. Руските сили пукаа врз 46 заедници во регионите на Доњецк и Луганск, при што загинаа најмалку тројца цивили, ранија уште двајца или уништија или оштетија 62 цивилни згради. Руското гранатирање вчера продолжи и во неколку други региони, како што се Нови Бух во Миколаев и градот Суми.

    – Знаете сега од што најмногу се плашам, сега кога борбите се толку интензивни, толку тешки? – вели украинскиот војник Дмитро, поранешен професор по англиски јазик за Ројтерс.

    – Дека ќе ни кажат: Тоа е тоа, престанете, имаме договорено прекин на огнот.

    Според Дмитро, секое прифаќање за отстапување на украинска територија би значело крај на кариерата на Зеленски.

    Лидерите на Европската унија ќе се состанат денес и утре да разговараат за новиот пакет санкции против Русија, вклучително и ембарго за нафта. Шефот за надворешна политика на ЕУ, Жозеп Борел, изненади со изјава дека „на крајот ќе има договор“ за следниот пакет санкции до денеска попладне и покрај противењето на некои европски земји.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img