23.9 C
Ohrid
Tuesday, July 5, 2022

8,8 отсто во ЕУ во мај, а 8,1 отсто во еврозоната

НАЈЧИТАНО

Според последните податоци на Евростат, статистичкиот завод на Европската унија, инфлацијата во мај изнесувала 8,8 отсто во ЕУ и 8,1 отсто во еврозоната.

Една година претходно стапката на инфлација во ЕУ беше 2,3 отсто, а во еврозоната 2,0 отсто.

Најниски стапки се регистрирани во Франција и Малта – 5,8 отсто и Финска 7,1 отсто, а највисоки во Естонија 20,1 отсто, Литванија 18,5 отсто и Летонија 16,8 отсто.

Двоцифрена инфлација е забележана и во Хрватска, Бугарија, Чешка, Грција, Унгарија, Холандија, Полска, Романија и Словачка.

Најголемо учество во мајската инфлација има енергенсите – 3,87 отсто, потоа храната, алкохолот и тутунот – 1,59 отсто, како и услугите – 1,46 отсто.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img

СПОРТ

НАЈНОВО