20.9 C
Ohrid
Sunday, October 2, 2022

848 се регистрирани како заболени од ковид-19 во изминатото деноноќие, 22 лица се починати

НАЈЧИТАНО

Дваесет и две лица починаа, а 848 се регистрирани како заболени од ковид-19 во изминатото деноноќие, соопшти Министерството за здравство.

Направени се 3.506 тестови, а регистрираните нови случаи на ковид-19 се во: Скопје – 451, Кавадарци – 50, Битола – 43, Велес – 39, Прилеп – 37, Куманово – 33, Кичево – 30, Тетово – 23, Радовиш – 18, Струга – 15, Гостивар и Неготино по 13, Гевгелија – 11, Кочани и Ресен по 10, Дебар – 9, Охрид, Крива Паланка и Валандово по 6, Струмица – 5, Штип, Демир Хисар и Македонски Брод – по 3, Делчево, Берово и Демир Капија по 2, Свети Николе, Богданци, Кратово, Македонцка Каменица и Пехчево по 1.

Од вкупниот број позитивни, регистрирани се 116 реинфекции.

Регистрирани сe 1.369 оздравени пациенти.

Во текот на изминатите 24 часа, регистрирани се 11 починати лица во болнички услови: 4 од Скопје (72, 78, 79 и 80),  3 од Штип (77, 84 и 90) и по едно починато лице од Битола (69), Куманово (52), Кочани (70) и од Струга (83).

Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза ковид-19 од Мој термин, дополнително се пријавени 11 починати лица од: Скопје (3), Штип (2), Битола (1), Велес (1), Богданци (1), Демир Хисар (1), Крива Паланка (1) и Охрид (1). Починатите лица се на возраст од 64 до 87 години. Лицата за починати се пријавени во периодот од 10.02. до 19.02.2022. Од нив, 5 се починати во домашни услови, а 6 лица во болнички.

Од вкупниот број на починати лица, кај 21 лице се регистрирани коморбидитети.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img

СПОРТ

[popmake-52754]

НАЈНОВО